68-годишен маж почина од труење со чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.
— Aiden (@tr4shy4iden) May 14, 2023
Пожарот избувнал во просторијата во која загинал мажот и било спречено негово ширење.
Според Ел Мундо, пациентот во тоа време бил сам. Весникот додава дека пожарот избувнал на Одделот за психијатрија. Меѓу повредените има полицајци, обезбедување и медицински персонал, а по укажаната помош сите се добро.