Според прелиминарните резултати објавени од државната новинска агенција Анадолу, Ердоган води пред Кемал Киличдароглу, но опозициските водачи ги отфрлија тие бројки.
Досега се преброени околу 40 отсто од гласовите, пренесува CNN.
Анадолија ги објави прелиминарните резултати според кои Ердоган со 52,70 отсто, пред Киличдароглу, лидер на Републиканската народна партија (ЦХП) и претседателски кандидат на шестчлениот блок, со 41,39 отсто.
Öndeyiz.
— Kemal Kılıçdaroğlu (@kilicdarogluk) May 14, 2023
Киличдароглу во објава на Твитер рече дека „ние сме во водство“, негов прв коментар по објавувањето на прелиминарните резултати.
ЦХП, исто така, се огласи на Твитер, споделувајќи го твитот на Киличдароглу и коментирајќи: „Во моментов сме во водство“.
Мансур Јавас, градоначалникот на турската престолнина Анкара, посочи дека Анадолија не е доверлива и дека Киличдароглу моментално е на чело. „Верувајте ни“, додаде тој.
И приватната новинска агенција тврди дека Ердоган губи
Анка, приватна новинска агенција за која се знае дека е поблиска до опозицијата, го става Киличдароглу на прво место со 47,4 отсто, а Ердоган на второ место со 46,8 отсто од гласовите врз основа на 31,3 отсто преброени гласови.