Новак Ѓоковиќ триумфално го стартуваше настапот на Мастерсот во Рим. Српскиот ас победи во 2. коло над Томас Ечевери со 7:6, 6:2.
Новак на крајот од мечот даде изјава за натпреварот, но и за се што и се случи на Србија. На крајот не можеше да ги задржи солзите:
– Би сакал да им кажам на сите дека најискрено ми е жал. Не сум имал можност до сега да и се обратам на јавноста во врска со овој масакр. Моето најискрено сочувство до сите семејства на починатите деца. Јас сум родител на две мали деца и можам само да замислам како се чувствуваат тие родители. Им посакувам сила и љубов, се надевам дека ќе го преболат ова… – низ солзи рече Новак и отиде до клупата каде што стави крпа на лицето.