Изваден мртов човек од шахта во Гевгелија

Од:

Околу 1:00 часот по полноќ во полициската станица во Гевгелија било пријавено од Медицинскиот центар Гевгелија дека  е  донесено непознато починато  машко  лице, соопшти МВР.

По преземените мерки  констатирано е  дека  се работи за А. М.(42) од Богданци, кој  бил пронајден и изваден од шахта  од страна на вработен на  бензинската пумпа „Шимов“, лоцирана на регионалниот пат Гевгелија-Богданци и била  повикана Итна медицинска помош.

На местото на настанот, до самата шахта биле пронајдени клучеви за одвртување на штрафови и три канти од кои едната полна со нафта. По наредба на Истражен судија, телото на починатиот кој инаку бил вработен како механички одржувач на споменатата  бензинска пумпа  и во тоа време не бил на работа, ќе биде предадено за обдукција.

Од страна на ПС Гевгелија во тек се мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски