Русија ќе ги заштити своите интереси секогаш кога може, доколку руските средства во странство се користат нелегитимно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој одговори на изјавата на портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, кој рече дека приходот од реинвестирањето на замрзнатите средства на руската централна банка ЕУ може да ги искористи за поддршка на Украина, пренесе Тасс.
Портпаролот на Кремљ рече дека сите обиди да се заплени имот – без разлика дали е приватен, државен или корпоративен – се „апсолутно неприфатливи“.
„Останува да видиме што ќе претстават како оправдување. Никој не треба да се сомнева дека Русија ќе ги брани своите интереси кога и да може“, рече Песков.