МОН: Се подготвуваат препораки за побезбедни училишта и спречување на врсничкото насилство

Од:

Министерството за образование и наука подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. Основа на процесот се заклучоците што произлегоа од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата, каде заедно со наставниот кадар и стручните служби се анализира безбедносната состојба, соопштија од МОН.

– По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница. Во меѓувреме, секој конструктивен предлог е добредојден и може да биде дел од планот за одржувањето на мирот и безбедноста во училиштата и во градењето на средина, каде учениците ќе бидат фокусирани единствено на стекнување знаења и вештини, а насилството нема да биде тема, се наведува во соопштението.

Паралелно, како што се додава, МОН го продолжува процесот на консултации, со вклучување на повеќе општествени чинители, кои можат да помогнат во креирањето на сеопфатни протоколи за подигнување на безбедноста во училиштата и прирачници за постапување во случај на детекција на меѓуврсничко насилство.

– Во меѓувреме и понатаму активни остануваат електронските адреси [email protected] и [email protected], каде може да се пријавуваат случаи на насилство во училиштата. Досега пристигнати се 20-тина пораки, од кои дел се од поранешни професори во форма на сугестии за тоа како да се спречи насилството во учлиштата, а има и пријави од ученици кои претрпеле одредена форма на насилство, за што надлежен за постапување е Државниот просветен инспекторат, истакнуваат од МОН.

Би можело да ве интересира

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

Училишните клупи празни, наставничките канцеларии преполни, велат од Левица

Горан Наумовски

Новата учебна година ќе почне за 245.000 ученици во основните и средните училишта

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост