Мајката не сака да го види синот кој изврши масакр во Белград, момчето никој не го посетува

Од:

Момчето (13) кое изврши масакр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар веќе шест дена е на специјално одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, а како што дознава српски Курир, неговата мајка ниту еднаш не изрази желба да го види.

Момчето на 3 мај, во училиштето во кое одеше, уби осуммина свои пријатели и обезбедувачот Д.В. (51), а рани шестмина, меѓу кои и наставникот по историја Т.С.(54).

– Тој е сместен на Клиниката и е следен од лекари кои секојдневно ја следат неговата состојба, а објектот е и под надзор на Одделот за криминалистичка полиција. Никој од неговото најблиско семејство не дошол да го посети, ниту пак изразил желба за тоа – вели извор на Курир близок до семејството на момчето.

Единствениот кој дошол на Клиниката за момчето e неговиот братучед кој не го посети, туку само дојде и им ги предаде личните работи за него на вработените.

– Татко му е во притвор, па нема можност да го види, а мајка му не побарала да оди кај него – вели соговорникот.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата