Поддршка на ученикот (13) кој уби осум ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ продолжија и на други апликации кои се достапни преку мобилни телефони и компјутери. На мобилната апликација Snapchat основното училиште „Владислав Рибникар“ сега го носи името на момчето кое го изврши масакрот.
Засега не се знае кој го сменил името на училиштето, а обичните корисници немаат можност да ги менуваат имињата на предметите на мапата.
И на платформата Тик-ток момчето – убиец доби поддршка од врсници кои го оправдуваат монструозното злосторство и го величаат.