Полицијата од Кичево започна истрага откако било пријавено дека наставничка истепала ученик.
Од МВР велат дека вчера во 15.20 часот, С.И.(40) од Кичево пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Кичево, бил физички нападнат од неговата класна раководителка.
Во врска со случајот од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.