Краделе нафта од туристички автобуси во Охрид

Од:

Двајца охриѓани завршија во притвор откако полицијата ги фатила како ги празнат резревоарите за бензин на туристичките автобуси кои носеле летувалци во Охрид. Како што информираат од СВР Охрид, за кражба на 2.200 литри нафта, кривично ќе одговараат 24-годишниот П.П. и 31-годишниот Д.Н.

Според истрагата на полицијата, двајцата осомничени, во периодот од 18-ти јули до 8-ми септември оваа година двајцата украле нафта во вредност од 160.000 денари. Охриѓаните насилно ги отворале резервоарите од туристички автобуси паркирани пред ресторани, хотели и други угостителски објекти во градот и хотелските комплекси. Тука, користејќи алат ги отворале резервоарите и со црево ја прелевале нафтата во пластични канти. На тој начин, П.П. и Д.Н. оштетиле повеќе туристички автобуси од Полска, Чешка, Австрија, Литванија, Бугарија, Романија, Албанија и Македонија, велат од СВР Охрид.

Пријавените краделе и од товарни моторни возила паркирани во периферниот дел на градот. Одземената нафта, пријавениот П.П. кој бил нерегистриран такси превозник ја користел за свои потреби, а останатиот дел заедно ја продавале на неколку лица од Охрид. Полицијата извршила и претрес во домовите на осомничените, како и на такси-автомобилот, од каде биле запленети повеќе пластични канти од 200 литри, нараквици, повеќе ребрасти црева, рачно изработена инка, една безбол палка, како и други предмети. Тие се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски