Премиерот Ковачевски смета дека не треба да доставува сметки за патувањата на членовите не неговото семејство иако рече дека досега нивните патувања никогаш не биле на државна сметка, вклучувајќи ги и трошоците на неговата сопруга која не толку често го придружува во странство.
– Бев во САД на исклучително одбележување, имав чест да бидам прв македонски премиер кој зборуваше на Советот за безбедност по повод 30 години од нашето членство во ООН. Јас патував на трошок на државата, но моето семејство не. Приватните патувања на другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Македонија. Ако треба да доставам сметки, ќе доставам.
Моите деца патуваат како и сите деца. На пример, мојот син игра фудбал и често оди во странство. Но беспотребно е да доставувам сметки, секој граѓанин има право да патува со свои средства – истакна премиерот Димитар Ковачевски кој денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на канадска „Магна“ во Штип.