Ученичката ранета во масакрот во Белград се уште во животна опасност

Од:

Тројца повредени во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и шестмина од Младеновац се на лекување во Ургентниот центар. Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, професор Милика Ашанин вели дека меѓу повредените во Младеновац двајца се во тешка состојба, како и еден ученик од училиштето „Владислав Рибникар“. Повреденото девојче кое е сместено во Детската клиника во Тиршова се уште е во животна опасност.

Професор Ашанин наведува дека шест пациенти кои биле испратени од Младеновац и Смедерево се на одделенијата за интензивна нега, а двајца сега се добро.

– На почетокот имаа операција на абдоменот. Едниот беше опериран во Смедерево, другиот во КБЦ ‘Драгиша Мишовиќ’ и ни беа испратени поради тешки повреди на градниот кош и можам да кажам дека во моментов им оди доста добро – додава Ашанин за РТС.

Тој посочува и дека меѓу повредените во Младеновац двајца се во тешка состојба.

– Станува збор за пациент со тешка повреда на црниот дроб и десниот бубрег. Оперирана е и е целосно свесна, но сепак е многу тешко. Друга пациентка, која има тешка повреда на главата со повреда на левото око, чека интервенција за два-три дена. А за неа можам да кажам дека е целосно свесна, дека сама дише и комуницира – вели Ашанин.

Еден ученик во тешка состојба, ученикот и наставникот подобри

Кога станува збор за повредените во училиштето „Владислав Рибникар“, Ашанин вели дека од тројцата кои се лекуваат, еден ученик е во тешка состојба.

– Станува збор за пациент кој од почетокот беше многу критичен со тешки повреди на градниот кош, вратот и кичмата – додава Ашанин.

Тој наведува дека повредената ученичка е многу подобро.

-Имаше интервенција од ортопед, микрохирург, операција на двете подлактици – нагласува Ашанин.

Наставничката е исто така доста стабилна.

Пред некој ден имаше интервенција од ортопед, микрохирург и и беше оперирана дланката – вели Ашанин.

„Се следат ефектите од спроведените интервенции“

Тој посочува дека интензивно ги следат сите повредени, како и дека се планираат одредени контролни снимања и дека ги следат ефектите од извршените интервенции.

– Единствено што планираме во наредните денови е неврохируршка операција на пациентот кој имаше повреда на главата – вели Ашанин.

Дополнително, додава тој, еден пациент кој имал повреди на урогениталниот регион во наредните денови ќе биде префрлен од одделението за интензивна нега на одделението.

Повреденото девојче кое е сместено во Детската клиника во Тиршова се уште е во животна опасност.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата