Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел е за натамошна западна поддршка на Украина, бидејќи, според него, без неа Киев би морал да се предаде во рок од неколку дена.
Знам како може веднаш да се заврши војната: ќе престанам да и давам воена помош на Украина и таа ќе мора да се предаде за неколку дена.
Истовремено, тој тврди дека ЕУ „не е страна во конфликтот“, бидејќи „не е директно вклучена“.
„Оние кои велат: сакам мир, а за да се постигне тоа најдобро е Европејците да престанат да и помагаат на Украина, да бидам искрен, не знам во каков свет живеат“, нагласи Борел.