Денеска околу 11.30 часот од полициски службеници го уапсиле Е.Ч. (28) од Скопје.
Тој е уапсен по претходна пријава денеска околу 11 часот дека во скопското село Батинци пукал кон Н.М., кој е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и приведениот ќе биде предаден на надлежното обвинителство.