Притвор за гостиварецот осомничен за двојното убиство

Од:

Истражен судија од основниот суд Гостивар на Владимир Ц.(43) осомничен за убиство на неговите мајка и сестра му определи мерка притвор од триесет денови.

На првото сослушување, тој се бранел со молчење, информираат од судот. Во натамошниот тек на истрагата која е покрената против него за убиство на свиреп начин, најверојатно ќе биде побарано и психијатриски наод, за да се утврди неговата преметливост.

Владимир Ц. е уапсен откако негов роднина во неделата пријавил дека во домот на улица „Илинденска“ бр 179 во Гостивар, се откриени усмртените Димитрула (71) и Славица (46). По наредба на истражниот судија телата на несреќните жени се дадени на обдукција. Владимир Ц. е осомничен дека во саботата со нанесувајќи им повеќе повреди со секира и други предмети, ги убил своите најблиски.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби