Хрватскиот тренер Ратко Периш освоената титула и ја посвети на ќерката на Драган Кобиљски, убиен во масакрот во белградското основно училиште.
Одбојкарите на Младост Загреб со победа против Мурса од Осиек ја одбранија титулата хрватски првак, а Периш на почетокот од разговорот со претставниците на медиумите му испрати порака за поддршка на својот пријател во најтешките моменти.
– Оваа победа би сакала само да и ја посветам на Е.К., ќерката на мојот голем пријател Драган Кобиљски, која беше убиена во Белград на училиште. Затоа и ја посветувам оваа голема победа – изјави Периш за телевизијата „ХРТ“.
Ќерката на српски одбојкар е едно од осумте деца загинати во невидена трагедија во Белград и Србија, во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, во која загина и училишниот чувар.
Нејзиниот татко е поранешен српски одбојкар, поранешен тренер на Црвена звезда кој моментално е на клупата на одбојкарскиот клуб Залау од Романија, кој се огласи по трагичната вест.