Во несреќата во паркот во Оренбург повредени се 20 лица, меѓу кои 12 деца. Повредените се во болница, од кои една жена е во критична состојба, а едно дете е во тешка состојба. Останатите се во средно тешка состојба, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.
Dnes v ruském městě Orenburg.
Přibližně 20 lidí bylo zraněno … pic.twitter.com/7PWBXE4St7
— Martin (@Qope87) May 6, 2023
Несреќата со рингишпил се случи во саботата, во паркот „Оренпарк“, кога структурата на рингишпилот буквално се подели на половина за време на возењето.
Од кабинетот на градоначалникот соопштија дека падот на рингишпилот е поради дефект на механизмот.
In Orenburg, Russia an amusement park ride broke while in motion. At least 15 people were injured. pic.twitter.com/8E645wLOqA
— OSINT 69 (@osint_69) May 6, 2023
Се појаснува дека една жена со повеќе повреди се наоѓа во критична состојба на одделението за интензивна нега.
Во тешка состојба е и 10-годишно дете, исто така е на интензивна нега, додаваат од прес-службата.
На одделенијата за траума се лекуваат уште десет пациенти во умерено тешка состојба, објаснуваат од Министерството за здравство.