На планинскиот превој Плетвар, патен правец Градско-Прилеп во должина од 41 до 43 километри, од утре почнуваат градежни работи поради што сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти, со соодветна сигнализација.
Градежните работи, како што информира Македонија пат, ќе се одвиваат во периодот од 7 до 17 часот и се очекува да завршат до средината на следната недела.