17-годишни девојчиња од Скопје повикани во полиција – на ТикТок се заканувале на соученичка

Од:

Три малолетнички од Скопје, на возраст од 17 години биле повикани во полиција во текот на вчерашниот ден.

Ги пријавиле наставници и вработени во училиштето откако виделе дека на социјалната мрежа ТикТок постирале содржина со која и се закануваат на друга ученичка на возраст од 18 години, но и на други лица.

Девојчињата, се сите ученички во средно училиште во Скопје.

Полицијата ги повикала на разговор четирите малолетнички – трите девојчиња кои постирале, но и девојчето на кое заканите биле упатени,  за да го расчисти случајот.

Од МВР го потврдија настанот и за А1он велат  дека во полициската станица во Центар извршен бил разговор со девојчињата во присуство на нивните родители.

„На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица.“ велат од МВР

За настанот известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Би можело да ве интересира

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Мајка ја подведувала својата малолетна ќерќа на проституција

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин