Тим предводен од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Никола Мицевски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ беше во посета на населените места Кадрифаково, Амзабегово и Црнилиште во Свети Николе.
„Денеска во рамките на акцијата и теренските активности „Ова е Македонија за сите“ направивме посета заедно со тимот во населените места Кадрифаково, Амзабегово и Црнилиште. И поразговаравме со граѓаните за проблемите кои што ги тиштат и она што претставуваат решенија на нив“, истакна пратеникот Никола Мицевски.
Мицевски додаде дека граѓаните се на работ на егзистенцијата, а централната власт ништо не им помага, ниту им ги решава проблемите.
„Од луѓето слушнавме и се уверивме во она што го знаевме дека луѓето живеат на работ на егзистенцијата и дека проблемите со кои што се соочуваат не се решаваат од централната власт. И единствениот спас во моментов е локалната која што во рамките на своите можности им дава поддршка на сите активности“, нагласи Мицевски.
„Ги убедивме граѓаните дека не сме сите исти, и дека ВМРО-ДПМНЕ е различен и дека е во коалиција со народот“, посочи пратеникот.
Тој на граѓаните им укажа дека единствениот излез од оваа ситуација се избори.
„Заедничкото решение е едно и единствено, а тоа се избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води оваа држава напред кон подобра иднина“, нагласи Мицевски.