Се закануваше дека ќе го стори истото како напаѓачот во Белград: Полицијата во Сремска Митровица уапси малолетник

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија синоќа во Сремска Митровица уапсија четиринаесетгодишник од Лачарк, поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.

Се сомнева дека на социјалната мрежа објави фотографија од осомничениот за убиството на осумте деца и обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со порака дека ќе го стори истото.

Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица, соопшти српската полиција.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата