Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград денеска откако го сослуша осомничениот В.К., татко на малолетниот К.К. кој уби девет лица во ОУ „Владислав Рибникар“, донесе решение со кое му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори делото, пренесоа српските медиуми.
Како што е наведено, втората причина за определување притвор е тоа што за кривичното дело што му се става на товар му е изречена казна затвор во траење од над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.
Осомничениот В.К се товари дека сторил кривично дело Тешки дела против општата безбедност.
13-годишниот Коста К. во средата уби осум ученици и училишен чувар, а повреди седум лица. Веднаш потоа бил уапсен, а пукал со пиштолот на татко му.