Ученик од Скопје расцепил глава на дете – Се изнервирал дека не победил во фудбал

Од:

Во текот на вчерашниот ден, родител на малолетник пријавил во полиција дека неговиот син бил нападнат и повреден од страна на друг малолетник.

Инцидентот се случил среде бел ден околу 13 часот кај Олимпискиот базен во Скопје.

Во официјалното соопштение од МВР се вели

„На 04.05.2023 во 14.25 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(46) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на ул.„Истарска“, позади Олимписки базен, малолетник со тврд предмет го нападнал неговиот  малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Според информациите малолетникот бил нервозен зошто не победил на фудбал и со дрвен предмет го повредил малолетникот во пределот на главата.

Детето било згрижено во болница и санирани му се повредите со кои се здобил.

Од МВР велат се превземаат мерки за расчистување на случајот

Би можело да ве интересира

Затвореник од штипскиот затвор пријавил силување од друг осуденик

Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен