Точно на полноќ во Србија започна тридневна жалост, која Владата на Србија ја прогласи поради трагедијата што се случи во средата во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога ученикот К.К.(13) уби девет лица, од кои осумученици, повредени се седуммина.
Во согласност со Законот за одбележување на денови на жалост, пропишани се одредени правила на однесување. Наставата ќе почнува со минута молчење. Минута молчење ќе има и пред почетокот на спортските натпревари кои се закажани за овие три дена.
Само еден ден по трагедијата во училиштето, Србија ја потресува ново злосторство откако 21-годишен човек пукаше без контрола во три села и уби осуммина.