Белграѓани продолжуваат да палат свеќи за жртвите од вчерашниот масакр, а во црквата Свети Сава почна молитвата за загинатите во страотното злосторство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Една од жртвите е ќерката на познатиот српски одбојкарски тренер Драган Кобиљски. Тој во училиштето дојде со сопругата. Кобиљски го залепи некрологот на вратата од училиштето и без збор продолжи со сопругата која цело време го држеше за рака.
Кобиљски моментално работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упатил кон Белград.
Трагедијата во училиштето во Белград се случи вчераоколу 8 часот и 40 минути кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ, ученик во седмо одделение, уби осум ученици и чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја.
Веднаш бил уапсен, а потоа беше приведен и татко му. Убиецот го зел пиштолот од сефот на неговиот татко. Покрај пиштолот, Кецмановиќ на училиште донел и четири молотови коктели. На местото на злосторството, полициски службеници пронашле 57 чаури, шест куршуми и четири рамки.
Животот на две деца се уште е во опасност.