Голема поворка од ученици, родители, соседи и граѓани од сите делови на Белград денеска се движи само во еден правец – кон Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, со цел да им оддадат почит на убиените ученици и работникот од училишното обезбедување кои настрадаа во ушасниот напад од 13-годишникот Коста.
Масовен убиец ни ги уби децата во центарот на градот, масовниот убиец од Белград е 13-годишно дете. Убиени невини деца, некој им го одзеде правото да си одат дома после училиште. Некое дете, чудовиште ги зеде децата на неговите родители. Им го одзеде детството, животот не ни започна и некој си даде за право да им ги ускрати сите убави работи и спомени кои ги чекаа. Овие животи никогаш не можат да се вратат. Овие деца никогаш повеќе нема да се смеат – вели расплакана жена кој е пред училиштето.