Двајца од седумте ранети во вчерашниот масакр во Белград се во критична состојба

Од:

Двајца од седумте ранети во вчерашното пукање во основно училиште во Белград се во тешка состојба, соопштија во четвртокот лекарите на белградските клиники, еден ден откако тринаесетгодишно момче со пиштолот на својот татко уби осум соученици и еден чувар, а повреди уште шест ученици и еден наставник.

Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Милика Ашанин, во четвртокот изјави дека од четворицата повредени, кои во средата беа примени на клиниката по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, „тројца се сосема добро, а еден е во критична состојба“.

Тие се целосно будни и лекарите разговараат со нив, изјави Ашанин за Радио-телевизија на Србија, наведувајќи дека „се работи за еден ученик, една ученичка и нивната наставничка“.

– Четвртиот пациент е најтешко повреден, има прострелни рани во вратот и кичмата, подобро е и буден, но неговата состојба се уште се смета за критична, додаде тој.

Директорот на детската болница во Тиршова, Синиша Дучиќ изјави дека девојчето кое е примено на клиниката поради повреда на главата е во критична состојба и дека лекарите прават се да ја одржат во живот. На таа клиника биле примени тројца ученици кои биле застрелани од 13-годишно момче убиец.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата