ВИДЕО: Неговото име било на списокот, но успеал да преживее – Не знам зошто сум на листата, не го познавав убиецот

Од:

Седмоодделенецот од Основното училиште „Владислав Рибникар“, кој утрово изврши масакр и уби осум деца и чувар, а рани шест ученици и наставник, имал список на хартија, имиња на главните цели од класот, учениците кои планирал да ги убие.

Момчето Ѓ. Ш. успеало да го избегне масакрот во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ иако бил на списокот што го направил ученикот од 7-мо одделение Коста К., пренесува Информер.

– Не знам зошто моето име се најде на списокот и јас се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го знаев само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија, изјавил Ѓ. Ш. за Информер.

Како што може да се види од списокот, кој на прес-конференцијата во Владата на Србија го покажа Веселин Милиќ, началникот на белградската полиција, прво напишал 16 имиња на ученици, а на почетокот на списокот стои 7-2, што е одделението.

Сепак едно име од списокот за масакрот било пречкртано и останале 15 имиња.

Од 15-те ученици кои ги запишал и планирал да ги убие, според достапните неофицијални информации, тој убил најмалку тројца од списокот, а ранил уште тројца.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата