Ученикот кој денеска пукаше во неговото одделение беше целосно ладнокрвен, како да не се кае. Според истрагата, рацете не му се треселе, бил целосно мирен, без израз на лицето, пренесуваат српските медиуми.
Исто така, речиси сите жртви биле погодени од еден истрел, што покажува дека бил неверојатно прецизен, пишува српски Телеграф.
Овој страшен масакр што се случи денеска ќе ја промени Србија, рече претседателот Александар Вучиќ.
Тој на вонредна прес-конференција ги изнесе своите предлози за мерки кои треба да го спречат натамошното насилство.
Тој рече дека ученикот на сослушувањето се однесувал како да игра игра, односно станал херој, „од момче кое го прогонувале затоа што бил подобар од другите, сега е задоволен затоа што за некои станал херој“.
Ученикот Коста Кецмановиќ одел во едно од најдобрите училишта во Србија, бил одличен ученик и признал дека злосторството го планирал цел месец.
Според приказната, учениците го задевале затоа што пелтечел и не се вклопувал секогаш лесно. Имал широк спектар на интереси и сакал да стане астрофизичар кога ќе порасне.