Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата, вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со ладен израз на лицето влегол во училницата и пукал.
Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор, изјави тој за N1.
Тој истакна дека во тоа време имале час по историја. Кога дошол пред училиштето имало многу полиција, видел психолог, професорка…
„Никој не знае ништо да ви каже, сите беа во шок, дојде многу полиција, пукаше во чуварите во училиштето, вели таткото и додава дека сите се во шок што токму ова момче го направило тоа“, истакна тој за .
фото: Nova.rs