Осум деца се убиени во пукањето во училиште во Белград, животот го загуби и чуварот во учиилиштето јавуваат српските медиуми. Неофицијално починала и наставничката која беше ранета.
Како што дознава порталот, многумина се повредени.
Според Нова.рс, осомничениот ученик (14) по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила. Тој упаднал на часот по историја и почнал да пука.
Дел од повредените се во критична состојба. Пренесени се во ургентните центри. За едно дете се знае дека со повреди на главата е на операција.
Шокантни се сцените пред училиштето, учениците се вознемирени поради се што се случи. Шокирани родители пристигнуваат и пред училиштето.