Британците ги подигнаа Тајфуните поради руски воен авион

Од:

Британските кралски воздухопловни сили (РАФ) потврдија дека ги подигнале ловците Тајфун во неделата за да пресретнат руски воен авион кој летал во близина на воздушниот простор на Велика Британија. Тие истакнаа дека станува збор за руски поморски патролен авион Тупољев Ту-142, познат и под кодното име на НАТО Беар-Ф.

РАФ наведува дека Ту-142 се приближил од североисток и летал во меѓународниот воздушен простор над Норвешкото Море и северниот Атлантски Океан. Иако рускиот авион во ниту еден момент не влегол во суверениот воздушен простор на Велика Британија, Норвежаните, исто така, ги подигнале авионите F-35A за да го следат рускиот авион.

„Денешната ситуација го покажа блискиот однос што го имаме со нашите колеги од НАТО. Откако тргнавме да го пресретнеме рускиот авион, бевме во близок контакт со контролорите на воздушниот простор на РАФ, кои нè упатуваа кон авионот и цело време пренесуваа наредби, осигурувајќи се дека можеме да потврдиме каде се и што прават во секое време“, рече пилотот на РАФ.

Инаку, Тајфуните се лансираат за да пресретнат неидентификувани авиони кои летаат во областа на интерес на Обединетото Кралство. Постапката за предупредување за брз одговор вклучува држење на авионите и екипажот на РАФ во постојана висока готовност за да можат да полетаат за неколку минути.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија