ВИДЕО: Жена фрли новороденче во контејнер за ѓубре, доби 16 години затвор

Од:

Млада жена од Ново Мексико, САД, која минатата година го фрли своето новороденче во контејнер, вчера е осудена на 16 години затвор. Поротата ја осуди Алексис Авила (19) за обид за убиство и злоупотреба на деца.

На 7 јануари 2022 година, минувачите го нашле бебето во контејнер во Хобс, град со околу 40.000 жители. Бебето преживеало.

Авила, која тогаш имала 18 години, ѝ рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена до ден пред да се породи.

– Знам дека тоа што го направив беше погрешно и единствената личност на која навистина треба да и се извинам е моето дете“, изјавила Авила вчера пред судот, а пренесува NBC News.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак