(ВИДЕО) Мајка со деца нападната од пчели-убијци: Со крајни маки ги спаси ќерките, ја искасаa 75 пати

Од:

Мајка на две деца од Аризона има среќа што е жива откако таа и нејзините две ќерки биле нападнати од пчели убијци за време на семејна фотосесија.

Пожарникарите и медицинските служби на Аризона соопштија дека неименуваната мајка ги носела своите деца до автомобилот кога ги нападнале пчелите.

Нејзината брза реакција ги спасила децата од убод, но жената претрпела повеќе од 75 убоди од пчели и завршила во локална болница каде закрепнала.

На видеото од местото на настанот се гледаат екипи од пожарникари кои прскаат пена над теренецот додека пожарникар брза да извлече една од девојките од автомобилот.

Бабата на девојчето го пријавила нападот кај диспечерот во Феникс, пишува Дејли Мејл.

„Ве молам побрзајте, ве молам побрзајте“, рече таа.

„Мојата ќерка не може да влезе во автомобилот. Ја напаѓаат пчели, Испратете помош“, стои во пораката испратена до итната помош.

Кога пристигнале екипите, користеле пена за да ги „растурат пчелите“ пред да ги извлечат децата од автомобилот.

Арон Лорти, сопственик на АЗ Би Кингс, рече дека пчелите убијци се особено активни овој период од годината.

„Околу овој период од годината, тие опрашуваат, бираат нови места, се ројат“, изјави тој за FOX 10 Phoenix.

Само еден убод, рече Лорти, ги остава феромоните да им сигнализираат на другите да нападнат.

Доколку немате среќа и ве нападнат пчели убијци, експертите советуваат да трчате во права линија, да го покриете лицето и да побарате засолниште. Исто така, не треба да се обидувате да влезете во водата, бидејќи „пчелите ќе ве чекаат да излезете на воздух“. И уште еден совет: „Колку повеќе мавтате со рацете, толку повеќе ќе бидат околу вас“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак