Масовна тепачка во Белград: Се степале мажи и жени, има повредени

Од:

Четири лица се повредени во тепачка меѓу мажи и жени, која се случи синоќа на Бежанијска коса во Белград.

Според неофицијални информации синоќа околу 23.20 часот во ресторан се случи тепачка при што четири лица се пренесени во Ургентниот центар.

-Во тепачката учествуваа двајца мажи и три жени. Се сомневаме дека сите испиле малку повеќе и се скарале. Расправијата кулминираше со тепачка во која беа повредени четири лица – изјави извор од истрагата.

Тој додаде дека Брзата помош ги пренела повредените во Ургентниот центар, додека полицијата извршила увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он