Талат Џафери примен од словенечкиот претседател

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во рамки на работната посета на Република Словенија, оствари одвоени средби со претседателот на Словенија, Борут Пахор, со началникот на Генералштабот на словенечката армија, бригадирот Добран Божич и со претседателот на Комисијата за одбрана при словенечкото собрание, Франц Јурша, соопшти Министерството за одбрана.

На средбите, Џафери се заблагодарил за значајната поддршка на Република Словенија за целосно интегрирање на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија. Се разговарало за билатералната и мултилатералната соработка, како основа за развој и просперитет на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски