Шефот на Вагнер тврди: Украинската контраофанзива може да биде трагедија за Русија

Од:

Водачот на платеничката руска воена група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите луѓе кои се борат во Бахмут, источна Украина, немаат муниција и предупреди дека украинската контраофанзива може да се претвори во „трагедија за Русија“.

„Ние (Вагнер) имаме само 10-15 проценти од муницијата што ни е потребна“, истакна лидерот на Вагнер во разговор со воениот дописник Семјон Пегова, кој е близок до Кремљ.

Пригожин, кој го обвинува врвот на руската армија за недостатокот на муниција, рече дека очекува украинска контраофанзива во средината на мај. „Оваа контраофанзива може да се претвори во трагедија за нашата земја“, предупреди тој.

Групата Вагнер е на првата линија во борбите за градот Бахмут. Пригожин е во отворен конфликт со руското воено раководство, кое го обвинува дека намерно не доставува доволно муниција на неговите луѓе, и неколку пати јавно го нападна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Украина оваа недела објави дека е при крај со подготовките за контраофанзива. Денеска гувернерот на руската област Брјанск, долж границата со Украина, изјави дека четири лица загинале, а двајца се ранети во украинското гранатирање на руско село.

Еден ден претходно, складиште за нафта во Севастопол, родното пристаниште на руската Црноморска флота на Крим, беше запален во напад со беспилотно летало, соопштија властите на полуостровот, кој Русија го анектираше на своја територија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски