Груби: ВМРО лаже, Бехтел во Србија гради без тендер, со посебен договор и поскапо

Од:

ВМРО лаже, лаже многу и бесрамно, или едноставно не знаат вели координаторот за изградба на коридорите 10д и 8 и прв вицепремиер Артан Груби одговарајќи му на Тони Јаревски во ВМРО-ДПМНЕ кој објави дека Бехел и Енка во Србија граделе откако учествувале на тендер и за пониска цена ов однос на онаа во земјава.

– Бехтел и Енка во Србија го градат автопатот:
-Без тендер
-Со посебен закон
-Со истиот договор како и нашиот
-Поскапо по километар отколку кај нас
-Со многу поскап консултант отколку кај нас

Почитувани граѓани:

-Не дозволете да ве лажат: ништо не може да ја спречи изградбата, само ја прави поскапа и подолга.

-Блокадата на ВМРО и Левица може да ги чини граѓаните над 100 милиони евра и две години подолга изградба на автопат.

Пратениците одлучуваат дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо се вели во објавата на Груби.

Би можело да ве интересира

Сведочење на директорот на „Државна лотарија“ Климовски: Набавката на ВЛТ апаратите се во магацин, а 98 проценти биле исплатени пред моето доаѓање

Со вкрстено испитување на вештото лице од одбраната на Груби продолжи судењето за „Државна лотарија“

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

А1он

Со испитување на вештото лице Анита Поповска, продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември