Велешанец тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Ржаничино

Од:

36-годишен велешанец е тешко повреден откако со автомобилот кој го управувал излетал од патот. Сместен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

– На 29.04.2023 во 11.20 часот на ул.„1“ во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(36) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.Л. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот