Во Данска повторно е извршен провокативен напад врз муслиманската света книга Куран и турското знаме, јавува Анадолија.
Член на групата „Patrioterne Gar Live“ (Патриоти во живо) во Данска, која, според Анадолија, е позната по своите исламофобични и ултранационалистички ставови, ги сквернави Куранот и турското знаме пред турската амбасада во Копенхаген.
Провокаторот, кој држеше антиисламски транспаренти и извикуваше слогани со навреди на исламот, го пренесуваше во живо провокативниот чин на Твитер.
❗️Министерство ОБОРОНЫ Турции «осудило» и «выразило озабоченность» против очередной антиисламской акции по сжиганию Корана и флага Турции в Дании у стен посольства Турции в Копенгагене, которую провела датская ультраправая националистическая группа Patrioterne Gar Live. pic.twitter.com/CycKjxvMCT
— Юстас Алексу (@Vladimi03721352) April 1, 2023
На провокацијата реагираа турските гласачи кои дојдоа да гласаат во амбасадата на изборите во Турција.
Еден од турските државјани се соочил со интервенција на данската полиција кога од земја го подигнал турското знаме и го предупредил провокаторот.
Сквернавењето на Куранот веќе се случи оваа година во Данска, Шведска и Холандија.