Народниот правобранител Насер Зибери си купи џип од 40 илјади евра тврди Левица

Од:

Народниот правобранител и кандидат за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, се поднови со нов автомобил од американскиот бренд Jeep Compass, за кој се потрошени 2,4 милиони денари, или близу 40 илјади евра пари на граѓаните. Новото возило може да ги задоволи и најпребирливите вкусови и во него има вградено радио со екран на допир, предупредување за замор кај возач, адаптивен темпомат, препознавање на сообраќајни знаци и слично велат од Левица.

– Досега, во возниот парк на оваа институција беа застапени возилата од марките Фолксваген, Шкода и Пежо. За функционирање на возниот парк во просек годишно се трошат над 40 илјади евра за гориво, осигурување на патници, резервни делови, поправки, технички прегледи и слично. Колку ли сега оваа луксузирање дополнително ќе ги чини граѓаните? Незадоволството на граѓаните од ден на ден расте, додека кадровските решенија на ДУИ ја руинираат секоја институција со која раководат. Покрај луксузирањето и трошење на народни пари во непродуктивните трошоци, граѓаните се незадоволни и од нетранспарентното и селективно постапување на Зибери. Како независна државна институција, наместо да застане во заштита на сите граѓани и нивните права, наместо да укаже на потенцијална корупција која е на штета на граѓаните, истата е дел од лошата практика. Ваквото недомаќинско и неодговорно однесување на штета на граѓаните е целосно неоправдано, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он

Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници