Шефот на илегалната руска влада во Севастопол тврди дека напад со дронови предизвикал голем пожар во складиште за нафта во заливот Козача во Севастопол окупиран од Русија.
Во близина на улицата „Браќа Манганари“ во заливот Козача гори резервоар за гориво. Според првичните информации, пожарот настанал од удар на беспилотно летало“, напиша Михаил Развозаев на „Телеграм“.
The Russian occupational forces are requesting additional help to extinguish the raging fire in the occupied city of Sevastopol, including aerial firefighting. #Sevastopol #Crimea #Ukrainepic.twitter.com/ameWdbZaPe
— (((Tendar))) (@Tendar) April 29, 2023
Развозаев рече и дека пожарот се проширил на површина од 1.000 квадратни метри и дека се уште се утврдуваат детали за жртви и штети.
На социјалните мрежи рано утрово почнаа да кружат видеа и фотографии од голем пожар што го опфаќа целото складиште за нафта и масивен црн облак од чад над градот.
Drone attacks are reported on an oil reserve in occupied #Sevastopol. pic.twitter.com/7zkdIzy0T9
— NEXTA (@nexta_tv) April 29, 2023
Од август 2022 година, редовно се забележуваат експлозии и пожари на полуостровот Крим, окупиран од Русија, и Севастопол, најголемиот град на Крим. На 8 октомври се случи голема експлозија на Кримскиот мост, незаконски изграден од Русија во 2018 година за да ја поврзе Русија со Крим, делумно уништувајќи го делот што го носеше железничкиот сообраќај.