Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина доживеа сообраќајна несреќа

Од:

Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, кој настапува за турскиот Бешикташ, Амир Хаџиахметовиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа во Истанбул.

Според информациите, возилото на Хаџиахметовиќ се судрило со мотоциклист кој доаѓал од спротивниот правец.

И тој и мотоциклистот се пренесени во болница, а фудбалерот е однесен во полициска станица за да биде сослушан за околностите на сообраќајната несреќа.

Судејќи по фотографиите од местото на настанот, направена е голема материјална штета.

За среќа, иако сликите од несреќата изгледаат како тешка сообраќајка, се покажа дека ниту фудбалерот ниту мотоциклистот не се тешко повредени.

Хаџиахметовиќ игра на позицијата среден бек, тој е стандарден репрезентативец на БиХ, за која има одиграно 23 натпревари од дебито во 2020 година.

Тој и оваа сезона беше стандарден во Бешикташ, одигра 30 натпревари, постигна шест гола со четири асистенции.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани