Познат идентитетот на македонецот убиен во Бугарија, а во бугарските медиуми се појавија и брутални детали за убиството во Сончев Брег.
Убиениот е 50-годишниот македонец Игор Николовски, а сторителот е 14 годишното момче Михаил Х, за кое медиумите пишуваат дека е од ромска национаност.
Според извори на бугарските сајтови Flagman.bg и novinite.bg убиството се случило откако возрасниот маж се обидел да го принуди малолетникот на сексуални односи. Наводно 50-годишниот маж му предложил да одат на затскриено место, во напуштена барака каде ќе можат да имаат интимни односи, но Михаил побеснел зел дрвен кол и му нанел неколку повреди во пределот на главата на 50 годишниот македонец.
Потоа телото го сокрил во блиската шума крај ресторанот „Бчвата“ и го сокрил прекривајќи го со даски и шут. Но, полициските службеници брзо ги откриле и телото и сторителот.
Сепак овие информации на бугарските медиуми се уште не се потврдени од полицијата иако според истрагата мотивите се бараат во два правци – Педофилија, но и можен грабеж бидејќи 14 годишникот бил проблематичен и познат на полицијата по криминални дела.
Бугарскиот сајт Flagman.bg додава дека македонецот Игор имал престој во Бугарија и последен пат во земјата влегол на 24.01. преку граничниот премин – Ѓуешево.
Сајтот објави и фотографии од местото на убиството. Малата барака се наоѓа на неколку метри од центарот и живиот дел на одморалиштето каде има и многу туристи, но и постојани жители.
На почетокот на шумата има напуштена барака, до која е расфрлано ѓубре. Убиството е извршено таму.
Сè уште јасно се гледаат трагите од крвта на жртвата. Михаил го убил Игор на почетокот на шумата, а потоа успеал да го влече неколку метри за да го сокрие во шутот и го покрил со дрвени даски. Случаен минувач го забележал телото и веднаш повикал полиција.
Полицијата во Несебар успеала да го идентификува Михаил како сторител и да го пронајде. Тој се наоѓа во притвор.
Михаил живее на Сончев Брег со семејството и има криминално досие. Доколку биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетен. Полицијата најави повеќе детали за мотивите за убиството во текот на денешниот ден.
Foto: flagman.bg