ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Од:

Американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер почина на 79-годишна возраст, се вели во соопштението на неговото семејство.

Џене Галвин, пријателка и портпарол на семејството, рече: „Способноста на Џери да се поврзе со луѓето беше во срцето на неговиот успех во сè што се обидуваше, без разлика дали тоа беше политика, емитување или само шегување со луѓето на улица кои сакаа фотографија или збор“.

„Тој е незаменлив и неговата загуба неизмерно боли, но сеќавањата за неговиот интелект, срце и хумор ќе живеат“.

Спрингер стана ТВ лице за прикажување приказни со дисфункционални семејства кои се спремни да разголуваат сè во работните попладневни часови.

На својот врв, шоуто Џери Спрингер беше со моќен рејтинг и редовно вклучуваше тепачки, непристојности и заматени слики од голотија.

Познато по расправиите, дневното ток-шоу беше омиленото американско задоволство во текот на неговото 27-годишно траење, во еден момент и беше на врвот пред шоуто на Опра Винфри.

По повеќе од 4.000 епизоди, шоуто заврши во 2018 година, никогаш не отстапувајќи од својот основен концепт.

Би можело да ве интересира

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ

Ана Ололовска