Почина маж од Кичево, му се слошило додека управувал електричен мотоцикл

Од:

Вчера попладне во 12.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Партизански одреди“ во Кичево, на 67-годишниот Е.Д. од Кичево му се слошило додека управувал електричен мотоцикл без регистарски ознаки, по што паднал, извести МВР.

– Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додаваат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа