Скржавците не се виновни, тие само немаат сива материја

Од:

Научниците од Универзитетот во Цирих, открија дека главен виновник за скржавоста на некои луѓе е недостатокот на сива материја во нивниот мозок.

„За првпат се покажа врската помеѓу алтруизмот и анатомијата на мозокот“, објасни Ернест Фер, еден од експертите што го спроведоа истражувањето.

За време на експериментот, испитаниците биле поканети да споделат одредена сума на пари помеѓу себе, како и со непознати лица на кои парите навистина им биле потребни.

Оние лица кои во просторот помеѓу париеталните и темпоралните лобуси на мозокот имаат повеќе сива материја, ги поделиле своите пари со странците.

Истражувачите откриле дека активноста во мозокот која резултира со скржавост, се активира кога ќе се постави прашање и за најмалата сума на пари, додека кај алтруистите оваа област се активира само кога ќе стане збор за голема сума.

Студијата, исто така, докажала дека постои разлика во количината на сивата материја и дека од неа зависи дали човекот што ја има, односно ја нема, ќе биде дарежлив или не.

Фер и неговите колеги со оваа студија што ја објавија во журналот „Неурон“, укажуваат дека не треба многу лесно да заклучиме дека алтруизмот зависи само од биологијата. Количината на сивата маса е производ и на разни процеси во општеството што лицето ги доживеало.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска