Уапсени работници од Балканот во Германија-нема веќе работа на црно

Од:

Во вторникот, припадниците на германската царина извршија неколку рации на градилиштата низ Германија за да го проверат статусот на работниците и открија десетици случаи на нелегална работа, главно работници од Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Грузија.

Една од најголемите акции беше спроведена денеска во Дизелдорф на градилиштето на улицата Ванхајмер, недалеку од аеродромот. Само овде се приведени 19 работници на диво, претежно од Босна и Херцеговина, пренесува Независне.

Михаел Валк, портпарол на главната царинарница во Дизелдорф, вели дека досега никогаш не наишле на толку голем број непријавени работници, кои нелегално престојуваат во Германија. Тој додаде дека при контролата еден од приведените работници се обидел да побегне, се сокрил меѓу палетите на градилиштето, но набрзо го пронашле.

Инаку, за тоа што имаше рација низ Германија говори и тоа што цариниците контролираа и големо градилиште на поранешниот американски магацин во Гисен, во сојузната покраина Хесен. Акцијата резултираше со 29 апсења за незаконско работење. Имаше уште девет апсења при проверки во Фулда и Касел.

– Царината со својата посветеност сака да покаже дека незаконската работа не се исплати – изјави Стефани Ауерсвалд, портпарол на Царината во Гисен.

Според соопштението, во вторникот биле контролирани 200 лица од околу 60 компании. Најлошо поминале работниците од БиХ и Србија, од кои 29 немале валидна дозвола за престој за работа во Германија. Тие се приведени, против нив е отворена истрага исто како и против работодавачите.

Инаку, Царината соопшти дека целта на рациите била да се контролира почитувањето на прописите за минимални саатници, но наишле на многу поголем проблем.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ