Разрешената претседателка на Судски совет не е поканета за изборот: После циркусот не знам што да очекувам

Од:

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева која вчера беше незаконски разрешена, не добила покана за седницата која ја закажа заменик-претседателот Селим Адеми на која ќе се избира нов претседател на советот.

Тој незаконски закажал седница за денес, со назнака „итна“ на која ќе се избира нов претседател на Судскиот совет, без да ѝ се даде можност за жалба и да добие формална одлука.

– Не добив покана јас како член на советот за присуство на седницата. Прочитав на сајтот дека закажал седница. Што да очекувам јас од седницата после циркусот што се случи со моето незаконско разрешување – изјави Дамева за „А1он“.

Нејзиното разрешувањет беше незаконско затоа што според член 36 од Законот за Судски совет и членот 8 од Деловникот, потребна е одлука со минимум 8 гласови, а Дамева беше разрешена со гласови на седум членови на Судскиот совет. Дополнително, Деловникот вели дека предлагач не смее да гласа, што значи Дамева вчера била разрешена всушност со 6 гласа, бидејќи тој на Адеми како предлагач, е невалиден.

Вчера и Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше дека за Дамева да биде разрешена од позицијата требало да биде разрешена од член на Судскиот совет, а за тоа е потребна соодветна процедура за дисциплинска постапка во која, кога ќе дојде до разрешување се потребни осум гласа „за“ не сметајќи го оној на предлагачот.

– Во досегашната практика на постапување на Советот за отворање и водење на седниците, доколку е присутен на седницата претседателот на Советот, истиот ја отвора седницата и ја води до констатирање дека седницата е прекината или пак завршена. Во случаите кога претседателот на Советот е спречен да присуствува на седницата, односно е отсутен од истата, со седницата раководи заменик претседателот на Советот.

На денешната седница се воспостави невообичаена практика, што претходно не се применувала, а тоа е дека иако претседателот на Советот е присутен на седницата, ја отворил истата и започнал да ја води, сепак кога претседателот одби да го стави предлогот за нејзино разрешување на гласање, заменик претседателот на Советот го презема водењето на истата. Од досегашниот мониторинг што го врши Коалицијата, ваквиот начин на водење на седниците до сега не бил применуван, односно седниците секогаш ги водел претседателот на Советот доколку истиот е присутен на седницата, а заменикот ја водел седницата само во негово отсуство, што дополнително остава отворени прашања и дилеми за причините и законските основи поради кои заменик претседателот го преземал водењето на седницата во присуство на претседателот на Советот, сметаат од Коалицијата.

Коалицијата апелира на доследно почитување на законските одредби, како и прифатените стандарди на добро управување и добро владеење, особено „во ситуација кога државата веќе се соочува со нарушена репутација во поглед на функционирањето на судството, како и фактот што Судскиот совет веќе неколку пати се има доведено во вакви слични ситуации, со кои многу тешко може да се справи“.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството