(ВИДЕО) Експлозија во Мелитопол, руски полицаец загина, а друг е тешко ранет

Од:

Силна експлозија утрово одекна во Мелитопол, кој е под руска окупација. Според руските медиуми, во експлозијата загина еден полицаец.

Загинатиот полицаец наводно пребегна на руска страна откако Русија го окупираше Мелитопол.

„Денеска околу 5 часот се случила експлозија во влезот на станбена зграда во Мелитопол. Експлодирала непозната експлозивна направа. Во таа прилика се повредени двајца полицајци, кои се хоспитализирани, а еден од нив наводно починал подоцна“, се вели во соопштението на Генералната управа на МВР за регионот Запорожје, како што пренесува РИА Новости.

Специјалните служби ги утврдуваат сите околности на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР